fbpx

Охриѓани за Водици очекуваат повеќе од 30.000 посетители

-

Големиот православен христијански празник Богојавление – Водици, на охриѓани треба да им донесе повеќе од 30.000 посетители, најавија од локалната самоуправа и од Здружението „Богојавление“, кои заеднички ја подготвуваат програмата што ќе трае пет дена, со многу културно-уметнички содржини, но и со религиозните обичаи во духот на старата охридска традиција. Најголемиот дел од гостите се очекува да дојдат од соседните земји Бугарија, Србија, Албанија и Грција.

– Програмата ќе ја почнеме на 16 јануари, со настап на културно-уметничките друштва од Охрид, а следниот ден, на 17 јануари, концерт ќе одржи Каролина Гочева. На 18 јануари, во Куќата на Уранија, ќе биде доделена Светската награда за хуманизам на Џон Ралстон Сол, а младите уметници од ликовната колонија „Мал битолски Монмартр“ ќе цртаат дела со мотиви од празничната атмосфера во Охрид. Ќе биде прикажан и документарниот филм „Водици-Охрид“ – вели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Осветувањето на езерските води и фрлањето на светиот крст во нив ќе се случи на 19 јануари, во 10 часот. Претходно, во 7 часот, ќе има богослужби во црквите, а во 9 часот ќе одекне хорската музка на главниот градски плоштад.

– Целта е специфичноста на одбележувањето на овој празник да ја видат што повеќе гости, со што Охрид на Водици станува центар на православието на Балканот. Ќе направиме сè за сите да видат дека Охрид е навистина свет град – вели Митко Пендов од Здружението „Богојавление“, кое 14. пат е дел од организацијата на одбележувањата по повод празникот.

И годинава бесплатно, на штандови во центарот на градот, ќе се служи вино, топла ракија, пача, но и плашици. За одбележување е што и овојпат, дел од угостителските капацитети во градот се вклучија во празнувањето преку намалување на цените на услугите.

– Вкупно 17 хотели најавија големи попусти, од 30 до 50 проценти, така што сместувањето ќе чини од 10 до 25 евра, а во одбележувањето на празникот се вклучија и рестораните, кои ќе даваат 30-процентен попуст на нивните услуги – додава Бакрачески, кој очекува повеќе од 30.000 гости и посетители на ова зимско празнување во Охрид, кое има долга традиција. Интенцијата е да се продолжи туристичката сезона во Охрид и градот да заживее не само во лето, туку и во останатите месеци од годината.

Кумови за празникот Водици во Охрид се скопскиот стопанственик Зоран Милевски и српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ.
Неколку дена пред празникот, охридскиот владика г.Тимотеј ги обвини организаторите за комерцијализација и за лично профитерство и рече дека нема да го фрла светиот крст во езерските води затоа што одлучил да патува за Австралија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...