ХЕРА одржа работилница за лидерска група за родова еднаквост

На работилницата успешно биле остварени целите во насока на унапредување на знаењата и вештините на учесниците за концептите на род, родова еднаквост и социјална инклузија, информираат од ХЕРА

-

Од 12 до 14 септември во Маврово, се одржa работилница за лидерска група за родова еднаквост, организирана од здружение ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка од Британската амбасада во Скопје, информираат оттаму.

На работилницата успешно биле остварени целите во насока на унапредување на знаењата и вештините на учесниците за концептите на род, родова еднаквост и социјална инклузија, како и за засилување на интеграцијата на родовата перспектива во процесите на креирање на политики засновани на докази.

„Теоретските знаења на учесниците со основите на родовиот концепт, родова еднаквост и ранливите групи, ги пренесоа Игор Јадровски, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, заедно со Неда Чаловска, експертка за родови прашања. На работилницата беа презентирани состојбите со родовата еднаквост во Северна Македонија, а се дискутираше за начини за подобрување на политиките, како и спроведување на процесите за процена на влијанието на регулативата, во партнерство со претставници на владата односно од Министерството за јавна администрација“, наведено е во соопштението од организацијата.

Учесниците исто така се запознале и со основните столбови на методологијата РЕСИ – Родова еднаквост и социјална инклузија, а предавањата ги организираше ХЕРА. Преку примената на РЕСИ се очекува да се обезбеди мерките во политиките да се родово сензитивни и да промовираат социјална вклученост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...