fbpx

Хан го поздрави целосното поништување на аболицијата и повика на преговори

-

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, преку својот твитер-профил ја поздрави одлуката на претседателот Ѓорге Иванов целосно да ја поништи аболицијата на сите 56 политичари и нивни соработници и ги повика лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино да се вратат назад на преговарачката маса.

„Поранешна Југословенска Република Македонија: Добредојдена одлуката на претседателот Иванов конечно да ги повлече сите помилувања. Ова овозможува правдата повторно да продолжи со својот тек и Специјалното јавно обвинителство да продолжи со важната работа. Премногу време се изгуби во последната година. Политичките лидери мора да се вратат назад на маса и да обезбедат целосна имплементација на нивниот Договор од Пржино, вклучувајќи ги и реформските приоритети“, напиша Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...