Хамас потврдува дека нивниот лидер Исмаил Ханијех е убиен

Ханијех бил убиен додека бил на посета во Иран. Израел нема коментирано на убиството, но претходно има многупати изразено намера да ги убие високите функционери на Хамас

-

Хамас соопшти дека нивниот лидер Исмаил Ханијех бил убиен додека бил на посета во Иран, пренесуваат Би-би-си и Гардијан.

Ханијех се подготвувал да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Иран Масуд Пезешкијан. Хамас вели дека тој бил убиен во „предавнички ционистички напад врз неговата резиденција во Техеран“, каде тој и неговиот телохранител биле таргетирани во воздушен напад.

Израел нема директно преземено одговорност за убиството, но претходно има многупати изразено намера да ги убие високите функционери на Хамас. Израелските сили досега успеале да убијат само еден лидер на Хамас, во напад во Беирут.

Даниел Хагари, портпаролот на израелската армија, најави дека се „проценува ситуацијата“, а министерот за наследство изјави оти „смртта на Ханијех го прави светот малку подобро место“.

Дописник за Би-би-си смета дека нападот морал да биде „екстремно внимателно испланиран“.

Убиството на Ханијех доаѓа само неколку часа откако Израел соопшти дека го убиле Фуад Шукр, еден од врвните команданти на либанската исламистичка организација Хезболах. Неговото убиство е реакција на нападот на Хезболах во Израел, каде загинаа 12 лица, повеќето од кои бил деца. Хезболах тврди дека не стојат зад нападот, а исто така нема директно потврдено дека Шукр е мртов.

Лорд Питер Рикетс, поранешен лидер на советот за безбедност во Велика Британија, смета дека Израел треба да го искористи успехот на убиството на Ханијех како причина да го намали интензитет на своите воени операции во Израел.

Но, Ханијех, познат во регионот како прагматичен лидер, беше клучен во преговорите за примирје во Газа. Со неговото убиство, се става во прашање иднината на преговорите.

Дополнително, се очекува остро да реагираат клучните непријатели на Израел во регионот. Хезболах, особено по убиството на командантот Шукр, се очекува да реагира со интензивирани напади. Претседателот на Иран рече оти државата ќе продолжи да го „брани својот територијален интегритет, достоинство, чест и гордост и ќе ги натера терористичките окупатори да зажалат за својот кукавички чин“.

На меѓународната сцена, нападот беше осуден од Кина, Катар, како и од рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов.

Претседателот на Палестина Махмуд Абас исто така го осуди нападот, а секакви различни фракции и организации во Палестина повикуваат на демонстрации во државата.

Нападот исто така доаѓа во критичен политички момент за Иран.

„Иранската власт е во целосен шок поради атентатот на Ханијех, бидејќи тоа, нанесува огромен удар врз безбедносната репутација на Иран во време кога државата сака да ја воспостави како моќна во регионот. Државната телевизија го обвини Израел“, вели Фарназ Фасихи, дописничка за „Њујорк тајмс“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поевтинуваат бензините и дизел горивото

Бензините Еуросупер БС 98 и Еуросупер БС 95 се намалуваат за еден, односно за половина денар за литар, а дизел горивото се намалува за денар и половина, соопштија во...