fbpx

Груевски: Постојано сум на терен, ова не е предизборна кампања

-

Ако претседателот на Владата не е постојано на терен, тоа не е добро и може да се забави работењето на одредени институции, да се загуби контактот со граѓаните и со нивните проблеми, е одговорот на премиерот Никола Груевски на новинарското прашање дали неговото постојано присуство на терен е предизборна кампања.

– Од првиот ден на моето работење сум во постојан контакт со граѓаните. Постојано сум и на терен, нормално и во канцеларија и на состаноци и на патувања, меѓутоа клучното и основното е да го чувствувате теренот, да ги чувствувате потребите на граѓаните, нивните проблеми, да се врши контрола на тоа што е зацртано, да се работи и тоа што е ветено. Некому, тоа му изгледа чудно, некој тоа го критикува или го исмејува. Меѓутоа, знам дека мнозинството граѓани во Македонија тоа го поздравуваат и така и ќе продолжам во иднина – рече премиерот Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, ЕУ е приоритет – колку остварлив, не се знае

Во своите изборни програми СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја нудат ЕУ како највисок надворешен приоритет на државата. СДСМ бара уставни промени веднаш и ветува започнување и завршување на преговорите до...