fbpx

Груби: Не се води дебата за содржината на уставните амандмани

„Апсолутно нема никаква дебата во однос на содржината на тие амандмани во општеството, нити од академската заедница, ниту од невладините организации, ниту од политичките парти“, вели првиот вицепремиер

-

Првиот вицепремиер Артан Груби, смета дека во јавноста никој не дебатира за содржината на уставните амандмани, туку дебати се водат околу тоа дали треба да има предвремени избори.

„Два месеци по усвојувањето на техничките амандмани на Уставот во Владата и во Собранието, апсолутно нема никаква дебата во однос на содржината на тие амандмани во општеството, нити од академската заедница, ниту од невладините организации, ниту од политичките парти туку дебата се води единствено во однос на политичките прашања дали да се има предвремени избори дали да се формира ваква или таква влада“, рече Груби денеска одговарајќи на новинарски прашања.

Тој рече оти е убеден дека ВМРО ДПМНЕ ќе смогне сили, има демократски капацитет, е европски ориентирана и ќе се надмине себеси, како што рече „ќе се построи со Вашингтон и со Брисел заедно со граѓаните на нашата земја за да гласа за уставните измени“.

Според Груби на двете вчерашни средби со американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар, и во владата и на приемот во американската резиденција во Скопје, се разговарало околу интеграцијата на земјата во ЕУ.

Но, воопшто не се разговарало за превремни избори, вели Груби, туку единсвено за успешно завршување на уставните измени, техничките уставни измени и продолжување на европскиот пат на земјата.

„Се недевам дека ВМРО-ДПМНЕ која што има своја програмска определба да ја зачлени нашата земја во Европската Унија ќе смогне сили, ќе гласа и ќе го тргне ова прашања од дневно политичката агенда и ќе го стави ова прашање во државен интерес зашто тоа е интерес за сите граѓани“, рече Груби.

На прашањето дали владата и ДУИ имаат контакти со некој од ВМРО-ДПМНЕ, Груби посочо дека вчера на приемот во американската резиденција биле и претседателот на партијата, и потпретседателот и уште двајца членови.

„Се видовме и се поздравивме, имаше и средби минатата недела со Собранието, се обидуваме да ги убедиме иако јас длабоко сум убеден ги познавам дека и тие знаат дека техничката измена на Уставот не ѝ прави ништо лошо на нашата заедничка држава“, посочи првиот вицепремиер.

Тој додаде оти се надева дека „исто како и при менување на Уставот за членувањето на нашата земја во НАТО ќе се најде начин не само со дел од пратениците туку со целата пратеничка група да одиме напред“.

Потоа, вели Груби, истиот ден може да се гласа за распуштање на Собранието и да се оди на предвремени избори.

„Исто така сме подготвени како што кажавме да дадеме оставка сите заедно да се откажеме од прв Албанец премиер на Владата на Република Северна Македонија само да ја видиме нашата држава зачленета во Европската Унија“, рече Груби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...