Грција во понеделник ќе ги достави писмата до ЕУ и НАТО за интеграцијата на Македонија

-

Во недела ќе бидат потпишани од шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, а во понеделник наутро ќе бидат испратени писмата до ЕУ и НАТО, дека Грција нема да се противи за европска и евроатлантска интеграција на Македонија.

Ова го изјави Коѕиас, говорејќи пред новинарите на крајот од Конференцијата за стабилност и безбедност на грчкиот остров Родос.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, министерот за надворешни работи на Грција, рече дека минатиот петок, пред потпишувањето на договорот, без да биде обврзан, испратил писмо до генералниот секретар на НАТО, во кое го известува и ги поставува предусловите со кои треба да биде поврзана поканата за членство, односно оние услови што ги предвидува самиот договор.

Во однос на новите писма, Коѕиас потврди дека ја добил нотата од македонското МНР дека договорот беше ратификуван, а во понеделник Грција ќе го исполни нејзиниот дел од обврските.

– Во мојата дипломатска канцеларија ги имаме од завчера подготвени писмата. Одбрав да ги потпишам самиот во Брисел во недела за во понеделник наутро да се достават до Европската унија и НАТО. Тоа се писма кои велат дека бев известен од другата страна за ратификацијата на договорот во Собранието и дека врз основа на обврските и предусловите кои ги имам поставено, може да продолжат напред – рече Коѕиас и објасни дека за да има напредок потребен е позитивен договор на Советот за општи работи, „а таму постојат тешкотии“, бидејќи, како што рече, има земји што се спротивставуваат во овој момент да се даде датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ.

– Нема да биде добро да се случи такво нешто – коментираше шефот на грчката дипломатија.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...