fbpx

Грција негира дека ќе оди на референдум за еврото

-

Контроверзниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, на денешната прес-конференција по состанокот на Еврогрупата негираше дека рекол оти доколку земјите-членки на еврозоната не го прифатат грчкиот список на реформи, неговата влада ќе свика референдум за еврото.

Оваа информација излезе во текот на минатата недела во интервју на Варуфакис за италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“.

Варуфакис изјави дека весникот погрешно ја пренел неговата изјава.

– Новинарот кој ме интервјуираше беше многу професионален, но, веројатно, тоа беше одлука на некој од уредничкиот одбор – изјави тој, алудирајќи на насловот на весникот дека Грција е подготвена на референдум. 

Варуфакис додаде дека тоа бил „тажен ден за новинарството“.

Според министерот, новинарот го прашал „Што ќе правите доколку Еврогрупата ги отфрли секоја од вашите реформи?“, а не „доколку отфрли некои од вашите реформи“.

Варуфакис беше, исто така, критикуван од неговиот премиер, Алексис Ципрас, кој, според медиумски извештаи, го замолил да не се експонира толку медиумски.

На денешниот состанок на Еврогрупата беа разгледувани реформските предлози на Атина, но сè уште не е постигнат договор.

В среда, во Брисел ќе се состанат техничките тимови на двете страни за да почнат да работат на реформите.

– Не знам кога и дали ќе ѝ снема пари на Грција бидејќи не ја контролирам касата во Атина. Тоа е нивна одговорност. Сè што знам е дека натамошни заеми можеме да ослободиме од европските фондови ако има целосен договор на целокупниот пакет и ако тие почнат да ги имплементираат реформите. Засега две недели поминаа и ниедна од тие работи не се случија – изјави претседателот на Еврогрупата, Јерун Дајселблум, по завршувањето на состанокот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...