fbpx

Граѓаните порачаа: Сакаме чист воздух сега и овде!

-

Неколку стотини граѓани со транспаренти „Мислам значи дишам“, „Стоп смог сега“, „Имате ли план“, „Сакам Дедо Мраз да ми донесе воздух“, точно напладне се собраа пред просториите на Град Скопје на протест против загадувањето на воздухот. Собраните граѓани на надлежните им порачаа дека сакаат „чист воздух сега и овде“.

– Овде сме да го изразиме нашиот револт од загадувањето на воздухот во Скопје, со кој се соочуваме повеќе од 200 денови годишно. Оваа иницијатива ја почнавме во Општина Аеродром каде ги повикувавме надлежните да се справат со овој проблем, но тие четири недели нè игнорираа. Четири лица во Македонија секојдневно го губат својот живот поради високото загадување на воздухот. Станува збор за 1.400 смртни случаи на годишно ниво. Мора да се преземе нешто во врска со ова. Ги повикуваме надлежните да најдат мерки, а доколку сакаат, веќе од утре може да дишеме почист воздух – вели Мерима Кондов, жителка на Општина Аеродром.

Ана Чоловиќ-Лешоска од невладината оргнизација „Еко свест“ вели дека нивната организација со години бара од надлежните да преземат мерки, но никогаш не наишле на слух за решавање на проблемот со високото ниво на загадување на амбиенталниот воздух.

– Загадувањето на воздухот трае со години. Се узурпираше Водно, се проширија улиците, се исекоа дрвата, се увезоа повеќе од 150.000 стари возила, иако се купија нови автобуси за јавниот превоз, тие работат на дизел, а нема добри сообраќајни решенија. Дали ќе прифатиме дека сме колатерална штета на зделките на нашите фукнционери? Не постои изговори за непреземање мерки кога се работи за човековото здравје. Бараме итни мерки сега! Нема воздух, нема мир – вели Ана Чоловиќ-Лешоска.

Присутните на протестот побараа од надлежните да се преземат итни кризни мерки за справување со загадувањето, да се забрани возење на автомобили кои не ги исполнуваат еколошките стандарди, да се воведе целосна гасификација, да се субвенционира јавниот превоз и веднаш да се престане со сечењето дрвја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...