Градинка на отворено и платформа базирана на еко-заедница – наградени младински идеи за социјални претпријатија

Фото: АРНО

„Камп“- градинка на отворено и „Yes for Less“ онлајн платформа базирана на еко-заедница се добитниците на наградите за младински идеи од проектот RISE кој втора година по ред го имплементира „АРНО“.

Доделувањето на наградите се одржа вчера во ново отворениот „Центар за социјални претпријатија“ во Скопје, победниците ќе добијат финансиска поддршка во износ од 2500 евра и ќе продолжат да ги развиваат своите идеи во рамки на инкубациската фаза која следува, соопштија од АРНО.

Проектот RISE е развиен и мониториран од конорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), ГРУПА СОС Пулс, Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), Францускиот институт и Француско-германската канцеларија за млади (ОФАЈ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО, Balkan Green Foundation, Nesto vise, Smart Kolektiv, IEC Tehnopolis и Yunus Social Business.

Проектот RISE е кофинансиран од Француската агенција за развој (АФД) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).