fbpx

ЕУ со мисија за унапредување на здравјето на почвите и финансирање на проекти од оваа област

На 13 јуни ќе се одржи настанот „Проект NATI00NS - Европска мисија за спроведување на договорот за унапредување на здравјето на почвата и можности за финансирање“ кој има за цел да ја информира јавноста и сите засегнати страни за состојбите на почвата и потребата за нејзина заштита, при што ќе бидат презентирани и можности за финансирање на проекти кои се стремат кон остварување на мисијата

-

Деградацијата на почвата, поради прекумерните и несоодветни човекови активности и индустриските процеси, влијаат на нејзиното здравје и квалитет преку физичко оштетување и внесувањето на загадувачи. Истражувањата предводени од Европската Унија покажале дека две третини од почвите во Европа се „нездрави“, што значи дека нивниот капацитет да обезбедат низа екосистемски услуги (храна, чиста вода, живеалиште за организмите кои живеат во неа) е нарушен, и тоа предизвикува низа сериозни економски, еколошки и општествени последици.

Токму поради важноста на сето ова, на 13 јуни (четврток) во просториите на Europe House Skopje со почеток од 9:30ч ќе се одржи настанот „Проект NATI00NS – Европска мисија за спроведување на договорот за унапредување на здравјето на почвата и можности за финансирање“ кој има за цел да ја информира јавноста и сите засегнати страни за состојбите на почвата и потребата за нејзина заштита, при што ќе бидат презентирани и можности за финансирање на проекти кои се стремат кон остварување на мисијата.

Европската Унија во 2021 година ја започна мисијата „Договор за почвата за Европа“ која цели до 2030 год. да создаде 100 регионални т.н. Живи лаборатории и светилници, кои ќе служат како центри за ширење на знаење и иновации, заеднички креирајќи и тестирајќи практики и решенија за подобрување на здравјето на почвата. За спроведувањето на мисијата воспоставен е проектот NATI00NS преку кој се пренесуваат клучни пораки за подигнување на свеста, како и подготвување на регионалните и националните чинители од сите европски земји да аплицираат и ги имплементираат своите идеи за подобрување на здравјето на почвата.

Настанот е во организација на BioSense Институтот од Србија и Здружението за еколошка едукација и одржливо живеење Јес фор лес (Yes For Less), кои стапија во партнерство со Земјоделскиот Институт – Скопје која е водечка истражувачка институција со богато знаење и експертиза на тема почви и одржливи земјоделски практики, за да направат заеднички напори да ја информираат и едуцираат јавноста за овие теми.

Настанот е наменет за истражувачи и експерти, земјоделци и сопственици на земја, претставници од граѓански здруженија и бизнис секторот, како и поединци кои имаат зелени бизнис идеи, потоа локални заедници, студенти, владини претставници и сите оние поединци кои сакаат да се едуцираат на темата почва.

Гостите-експерти од Институтот BioSense подетално ќе ја објаснат мисијата и проектот, а ќе дадат и насоки за концептот и критериумите за аплицирање за Живите лаборатории и светилници. Претставник од здружението за социјални иновации АРНО ќе информира за дополнителни можности за финансирање од областа на зелени идеи вклучувајќи и такви кои целат да ја заштитат почвата.

Како дел од настанот ќе се одржи и панел дискусија на тема „Oдржливи наспрема конвенционални земјоделски практики кај нас: можности, препреки и како тие влијаат на здравјето на почвата“ на која својата експертиза и гледишта ќе ги споделат двајца професори од Земјоделскиот Институт, како и успешни производители кои се занимаваат со органско и пермакултурно производство од нашата земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двајца полицајци се сомничат дека примиле поткуп за да не констатираат сообраќаен прекршок

МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на...