fbpx

Глобална даночна реформа – 136 држави се согласија за оданочување на компаниите секаде каде што прават профит

-

По иницијатива на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), вчера 136 држави постигнаа договор за глобална даночна реформа за поправедно оданочување на мултинационалните компании, соодветно на дигиталното доба, соопшти ОЕЦД.

Поборниците на оваа реформа, односно 136 држави и јурисдикции кои претставуваат 90 отсто од глобалниот БДП, се согласија од 2023 година мултинационалните компании да бидат оданочувани со минимум 15 отсто данок. Со договорот ќе се озвоможи повеќе од 125 милијарди американски долари од најголемите 100 мултинационални компании да се распредели по земјите низ светот и тие да плаќаат фер даноци секаде каде што работат и остваруваат профит.

Реформите ќе ги погодат глобалните интернет гиганти, како Фејсбук, Гугл, Амазон, но и други.

По неколку години интензивни преговори да се прилагоди меѓународниот даночен систем на дигиталното доба, 136 од вкупно 140 членки на ОЕЦД се согласија за двостолбното решение за даночните проблеми. На договорот не се приклучија Кенија, Нигерија, Пакистан и Шри Ланка.

Првиот столб на оваа реформа за оданочување на компаниите секаде каде што работат ќе донесе дополнителни 150 милијарди долари годишно за некои земји. Сега мултинационалните компании главно плаќаат данок во државата во која се регистрирани. Со новата мерка ќе се оданочуваат и во оние земји каде што немаат физичко присуство, но имаат бизнис активности и прават профит. Условот за ваквото оданочување е компаниите да остваруваат глобална продажба од 20 милијарди евра и да имаат профитабилност над 10 отсто. Односно, 25 отсто од профитот над наведените 10 отсто ќе го земаат земјите каде компанијата оперира. Тој износ се проценува на околу 125 милијарди долари глобално и најголема полза од реформата ќе имаат земјите во развој.

Со вториот столб на вчера договорената реформа, минималната стапка на корпоративен данок треба да изнесува најмалку 15%, односно толку треба да бидат оданочувани компаниите со годишни приходи над 750 милиони евра, што пак ќе донесе дополнителни 150 милијарди долари како даночни приливи на меѓународно ниво.

„Денешниот договор ќе го направи меѓународното даночно окружување подобро и пофер. Ова е голема победа за ефективниот и балансиран мултилатерализам“, изјави Матиас Корман, генерален секретар на ОЕЦД.

Се очекува сите потпишувања да завршат до 2022 година, за новиот даночен режим да настапи следната година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...