Излезе новиот албум – „Мировна Тегла“ на бендот Луфтанза

Фото: Принтскрин од албумот на Спотифај

Македонскиот бенд Луфтанза со песни поделени во жанровите на психоделичниот рок и пост панкот денеска го објавија новиот албум – „МИРОВНА ТЕГЛА“.

„Албумот содржи пет песни и 4 и пол жанрови“, велат дечките од бендот на својот Инстаграм профил.

Во бендот редовни членови се Андреј Димовски – гитара и вокал, Лука Јованоски – гитара и вокал, Мартин Џорлев – вокал, Иво Николовски – гитара, Раде Биковски – бас гитара, Виктор Стојановски – тапани, додека во последниот албум учество зема и Огнен Златанов – како вокал.

На 24-ти септември, Луфтанза издаде и сингл песна со спот – „Цигла“. Бендот е оформен во 2020 година, а својот прв албум го издаде на 5-ти април оваа година. Сите нивни демо траки се достапни за слушање на платформите на YouTube и Spotify.