fbpx
Таг: оданочување

таг: оданочување

Донесен новиот закон за данокот за солидарност, Стопанска комора реагира дека ќе нанесе непоправливи штети

Откако денеска во Собранието беа изгласани измените на Законот за данок на добивка и Законот за данок на додадена вредност, но и новиот Закон за солидарност, набргу потоа реагираше Стопанска комора на Северна Македонија, која остро ги критикува одредбите на третиот закон. Порача дека овој закон е со погрешни мерки и ќе има погубни резултати врз бизнисот. „Погубен и деструктивен...

Со помош на вештачка интелигенција Франција откри илјадници непријавени базени

Илјадници непријавени приватни базени беа откриени во Франција со помош на вештачка интелигенција, што на француските даночни власти им донесе неочекувани приходи. Од откриените над 20.000 базени, властите собрале приходи во износ од околу 10 милиони евра, јавија француските медиуми, а пренесе „Би-би-си“. Базените се предмет на повисоки даноци на имот бидејќи ја зголемуваат вредноста на самиот имот и според...

Глобална даночна реформа – 136 држави се согласија за оданочување на компаниите секаде каде што прават профит

По иницијатива на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), вчера 136 држави постигнаа договор за глобална даночна реформа за поправедно оданочување на мултинационалните компании, соодветно на дигиталното доба, соопшти ОЕЦД. Поборниците на оваа реформа, односно 136 држави и јурисдикции кои претставуваат 90 отсто од глобалниот БДП, се согласија од 2023 година мултинационалните компании да бидат оданочувани со минимум 15...

На расправата во Собранието, прифатени осум амандмани на предлог-законот за личен доход

Владата го прифати барањето на повеќе од 80 граѓански организации надоместоците на трошоци за настани од здруженија на граѓани да не се даночат, без разлика колку ќе траат. Зголемен е и износот за платената пракса кој е ослободен од оданочување, со намера да се стимулираат повисоки надоместоци за пракса. Се воведува даночно ослободување за патните трошоци за образовни активности во...

Бизнис-заедницата бара одложување на воведувањето на прогресивно оданочување

Најсоодветен начин за уредување на прашањето за обезбедување дополнителни средства во буџетот, за обезбедување подобар квалитет на јавните услуги, е прво да се искористат сите расположливи можности за рационализација на расходите, е еден од заклучоците на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија. „Пред сé рационализација на процесите на државната администрација, пред да се пристапи кон воведување поголеми обврски за субјектите во...

Богов сугерира да се оданочува сивата економија, не го коментира прогресивниот данок

Прогресивното оданочување е владина политика и тука Народната банка не може да се меша, но можам да сугерирам да се зафатат со оданочување на сивата економија, одговори Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, на новинарско прашање во врска со прогресивното оданочување на седмата годишна истражувачка конференција во организација на Народна банка која што втор ден се одржува во Охрид. -...

Министерство за финансии: Приливите по основ на лични трансфери не се оданочуваат

Со предложените измени на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, се прави понатамошно усогласување со европското законодавство во делот на даночната евиденција и нема промени во оданочувањето на дознаките, се вели во соопштението на Министерство за финансии. Во него се додава дека, со овие измени, се овозможува УЈП да има покомплетна евиденција на сите приливи, независно од...

Земјоделците да поднесат барање до УЈП за паушално оданочување

Земјоделците имаат можност данокот на доход да го плаќаат паушално, доколку нивниот приход од земјоделска дејност за годинава не надмине 1.300.000 денари, соопштуваат од УЈП. Тие се целосно ослободени од персонален данок, доколку приходот во 2015 година изнесувал до 300.000 денари. Доколку приходите се движат од 300.000 денари до 1.300.000 денари, предвидени се даночни олеснувања во висина од 80 проценти од...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...