fbpx

Германија ќе ги укине бесплатните тестови за коронавирус

-

За да поттикне што повеќе луѓе да се вакцинираат, Германија од октомври ќе ги укине бесплатните тестови за коронавирус за своите граѓани, јавуваат светските новински агенции. Властите сметаат дека има доволно вакцини за целата популација, па невакцинираните самите да го сносат трошокот за тестот, кој ќе биде задолжителен во голем број ситуации.

Договорот постигнат од страна на германските лидери ќе бара од невакцинираните граѓани, сепак,  да покажуваат негативен ковид тест за да влезат во одредени затворени објекти, како болници, згрижувачки домови, но и за присуство на спортски, културни и забавни настани во области каде е забележана зголемена стапката на инфекции.

Германија сега има доволно вакцини за целата своја популација, а повеќе од половина од граѓаните веќе се целосно имунизирани, рече германската канцеларка Ангела Меркел, додавајќи дека „не толку добра вест е што брзината на вакцинацијата значително опадна“.

Меркел додаде и дека зголемениот број на ковид-случаи во Германија може целосно да им се припише на луѓето кои сè уште не се вакцинирани.

Германската влада се надева на вакцинација на барем 75 отсто од своето население.

Федералните и државните службеници се согласија дека луѓето што се целосно вакцинирани, оние кои закрепнале од ковид-19 и оние што неодамна се тестирале и добиле негативен наод, треба да продолжат да се третираат еднакво во повеќето ситуации, но донесена е одлука и брзите антиген тестови за повеќето луѓе од 11 октомври повеќе да не бидат бесплатни. Исклучок ќе биде направен за оние групи граѓани кои во моментов не можат да се вакцинираат во Германија, како што се бремените жени, но и за децата и тинејџерите.

Дел од германските политичари го критикуваат новиот план на Владата, тврдејќи дека укинувањето на бесплатното тестирање е начин за казнување на поединците кои одбиваат да се вакцинираат.

Германија периодов има помал број на потврдени нови случаи на коронавирус во споредба со другите европски земји, но бројот на позитивни повторно се зголемува. Властите стравуваат дека невакцинираните Германци, особено младата популација, може да се зарази и да го шири вирусот во наредните недели и месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...