fbpx

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, поднесе оставка поради обвинувањата за сексуално злоставување

-

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендрју Куомо (63), вчера поднесе оставка од функцијата, откако истрагата утврдила дека сексуално злоставувал и воземирувал повеќе жени. Куомо ќе ја напушти функцијата за 14 дена отсега.

Откако Куомо, еден од поистакнатите членови на Демократската партија ќе се повлече, мандатот ќе го преземезаменик-гувернерката Кети Хочул, демократ, која воедно ќе биде и биде првата жена гувернер на државата.

Оставката на Куомо доаѓа откако јавната обвинителка на Њујокр, Летиција Џејмс, ги истражи обвинувањата за сексуално вознемирување против гувернерот поднесени од 11 жени. Во извештајот објавен на 3 август, Џејмс наведе дека сите обвинувања се веродостојни.

Куомо е третиот по ред гувернер на Њујорк што ја напушта предвреме функцијата поради скандали.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...