„Геншин импакт“ продолжува со нова експанзија наречена „Фонтана“

Играта е многу успешна преку нејзината верзија за мобилен телефон и е комплетно бесплатна

Genshin Impact Fountain скриншот од главниот сајт на играта https://genshin.hoyoverse.com/en/
Genshin Impact Fountain скриншот од главниот сајт на играта https://genshin.hoyoverse.com/en/

Една од најиграните игри за мобилни телефони во светот „Геншин импакт“ (Genshin Impact) доби нова експанзија наречена „Фонтана“ (Fountain). Станува збор за нов град и регион, со голем број нови квестови, задачи и предизвици и нови оружја, ресурси и херои.

Во првиот дел од продолжението го разгледувате градот и околината преку вид на турнеја каде е објаснет петтиот „Хидро“ регион наречен „Фонтана“. Всушност иако можете да ги правите сите работи како во откривањата на претходните региони, играта се проширува и во наративот со оваа бесплатна експанзија. 

Овојпат има вид на детективска приказна во вид на интерактивен анимиран филм со многу случувања, дијалози, пресврти, препознавања и климактички моменти. 

Сè почнува по разгледувањето на градот и околината каде гледате магионичарска престава во која навидум се случува несреќен случај. Но, во текот на истрагата заплетот се разврзува бидејќи во правењето на играта е употребен методот користен во книгите со Шерлок Холмс на писателот Артур Конан Дојл: “Кога ќе се елиминира невозможното, сè што останува колку и да е неверојатно, мора да биде вистината.”

По пат на елиминација и спојување докази ги решавате „конундрумите“ од правен аспект. Во новата нација на судењата покрај обични судии има и машина која им помага во делењето правда, но и интервенција на божествата. Во Геншин Импакт тие се со слични карактеристики како божествата во старогрчката митологија, односно имаат карактеристики на обични луѓе како желба да се наметне авторитет, љубомора, завист, суета, надмоќ итн.

Близнаците во играта се слични ликови на Сирила (Сири) од Вичер франшизата, односно имаат способност да патуваат низ различни димензии на постоење и имаат огромна скриена моќ што допрва ја „отклучуваат“.

Играта е многу успешна преку нејзината верзија за мобилен телефон и е комплетно бесплатна. Секако, може да се игра и на персонален компјутер.