fbpx

Формуларот за поплаки во Тирана, ќе се печати и на македонски јазик

-

Албанскиот комесар за заштита од дискриминација, Ирма Бараку, го прифати барањето на Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, формуларот за поплаки за дискриминација да биде испечатен и на македонски јазик, со кирилично писмо.

Досега , формуларот бил печатен и се употребувал само на албански, грчки и на ромски, а бил изоставен македонскиот јазик.

– На нашата реакција и барање, добивме одговор од Бараку, со кое нè информира дека во иднина овој документ ќе биде печатен и на македонски јазик. Бараку во позитивниот одговор ја нагласува подготвеноста за соработка, се заблагодарува на разбирањето за направениот пропуст и нагласува дека и формуларот и други информации во иднина ќе бидат не само на албански, туку и на јазиците на малциствата, вклучувајќи го и македонското – изјави за „Мета“ претседателот на Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...