Најдобрата израелска театарска изведба, вечерва на „Охридско лето“

-

На програмата на „Охридско лето“, вечерва во Предворјето на црквата „Св. Софија“, ќе се игра драмската претстава „Нашиот клас“, во изведба на Театар „Камери“ и на Национален театар „Хабима“ од Тел Авив.

Љубителите на театарската уметност ќе бидат во можност да ја проследат претставата која е наградена за најдобра изведба на годината, за оваа година, во Израел.

Претставата „Нашиот клас“ од Тадеуш Слобоѓањек е во режија на Ханан Снире, како копродукциски проект на двата театри од Израел. Снире дипломирал театарска уметност на Универзитетот во Тел Авив и на Кралската академија за драмски уметности во Лондон, каде што, исто така, предавал и режирал. Од 1990 до 1991 година работел како уметнички директор во театарот „Хабима“.

Претставата ја обработува темата за комплицираните врски помеѓу Полјаците и Евреите во текот на Втората светска војна. Драмата е локална и универзална, приказна која, всушност, се случува во селото Једвабне во Источна Полска на 10 јули 1941 година, кога полските католички соседи упаднале во домовите на Евреите со кои пораснале, ги заробиле во локалната штала и запалиле 1.600 Евреи.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...