„Форбс“ повторно ја прогласи Меркел за најмоќна жена

-

Германската канцеларка Ангела Меркел шести пат по ред е на првото место на листата на најмоќни жени што ја објавува магазинот „Форбс“.

Листата од 2004 година се составува врз основа на повеќе фактори, меѓу кои парите, медиумскиот интерес и влијанието.

На листата на највлијателни жени на светот има 100 жени од 29 земји, а меѓу нив има политичарки, деловни жени, филантропи, вклучувајќи 12 лидери на држави и на влади, 32 директорки на големи компании и 11 милијардерки.

Најмлада жена на листата е 41-годишната директорка на „Јаху“, Мариса Маер, која се наоѓа на 55. место, а најстара е британската кралица Елизабета Втора, на 29. место.

Ангела Меркел. која шест години по ред е на првото место, досега вкупно 11 пати била највлијателна жена според „Форбс“.

Дводневен саем за пракса и вработување на Машински факултет

Студентите од техничкиот кампус при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“, денеска на Машинскиот факултет го посетија саемот за пракса и вработување, кој ќе трае и утре. Целта е студентите...