Филмот „Dance In This Chaos“, во режија на Мурат Жерка, ја прикажува дискриминацијата на општеството кон Ромите

Фото: Илир Сејдиу

Додека општеството ги угнетува и дискриминира Ромите, тие стојат цврсто заедно и се борат за своите права. Се обидуваат да ја надминат секоја неправда кон нив со песни и музика. Токму тоа се прикажа во филмот „Dance In This Chaos“ во режија на Мурат Жерка, пишува Порталб.мк.

„Навикнати сме да гледаме филмови за Роми во кои има навреди, вулгарност и потценување, каде Ромите се претставени на најмизерен начин. Во овој филм е претставено нешто друго, но и тука ќе ја видиме дискриминацијата, малтретирањето и живот врз Ромите, но пораката е многу посилна“, изјави Џемиљана Абдулова.

Целта на филмот е да ги поддржи младите луѓе да бидат дел од решавањето на проблемите во нивната област преку иницирање промени. Во филмот се отсликува животот на Ромите во нашата земја, прикажувајќи го однесувањето на другите кон нив.

Приказната на филмот ја отсликува социјалната и институционалната дискриминација кон Ромите. Нивната секојдневна борба за еднаков живот беше прикажана во 15-минутниот филм.

„Џемилијана Абдулова е со нас уште од почетокот на идејата за овој филм и ни помогна многу во секој поглед. Филмот се снимаше четири месеци. Особено сакам да се заблагодарам на ромската населба каде што го снимавме филмот. Бидејќи не снимавме 2-3 дена, туку таму живеевме четири месеци. Разговаравме за проблемите со кои се соочуваат во животот, но честопати разговорите завршуваа со музика и веселба. Затоа и филмот беше насловен „Dance In This Chaos“, изјави Мурат Жерка.

Филмот е овозможен од Democracy Lab, ICD Youth Can. Голема поддршка имаше и од: Романо Ило, Лумиер Филмс, Вардар Филм, Студио Прима, Рома рок школа, општина Центар и Младински културен центар.