fbpx

ЕУ: Да не се заплашуваат јавните функционери кои треба да создадат услови за кредибилни избори

-

Делегацијата на ЕУ при постојаниот Совет на ОБСЕ во Виена ги повика политичките партии во Македонија целосно да го спроведат Договорот од Пржино.

„Европската унија потсетува на големата важност што ја придава на целосна имплементација на политички договор од 2 јуни, односно 15 јули („Договорот од Пржино“) меѓу четирите главни политички партии, кој има цел да ја надмине тековната политичка криза и да ги реши клучните предизвици со кои се соочува земјата. Ги поздравуваме преземените чекори за имплементирање на Договорот од Пржино, како што е назначувањето на специјалниот јавен обвинител, промените во владата, изборниот законик, одлуката за ДИК, како и оставката на поранешниот премиер. Сепак, остануваат уште многу работи кои треба да бидат завршени, вклучувајќи ја работата на собраниската анкетна комисија за прислушувањето“, стои во соопштението на кое стои датумот од 4 февруари, а кое вчера беше објавено.

Во документот се наведува дека Договорот од Пржино ги обврза потписниците на структурни реформи, вклучително и оние во однос на изборите, како мерки кои треба да донесат поголема медиумска слобода, ревидиран изборен список и примена на препораките на ОБСЕ-ОДИХР. Овие реформи, како што се наведува, се неопходен услов за да има услови за кредибилни избори на 24 април.

„Европската унија, заедно со САД ја повторија неопходноста за кредибилни избори и поставија критериуми кои ќе бидат користени при оценувањето на подготовките за изборите“, стои во соопштението.

Делегацијата на ЕУ при Постојаниот Совет на ОБСЕ во Виена вели дека им понудила на македонските институции техничка помош и друга поддршка за да се создадат услови за фер избори.

„Ја охрабруваме привремената влада брзо да ги имплементира структурните реформи, предвидени со итните реформски приоритети, а на кои се обврзаа четирите партии. Ги повикуваме сите партии и државни институции да ја поддржат Државната изборна комисија. Исто така, истакнуваме дека сите политички партии се согласија на назначувањето на специјалниот обвинител и оти сега треба да демонстрираат конструктивна соработка со неа и со нејзиниот тим и да се воздржат од напади на ова независно тело“, велат од делегацијата на ЕУ.

Во соопштението исто така се повикуваат Собранието, Владата и политичките лидери да носат одлуки кои ќе ја вратат земјата на европскиот пат.

„Ги охрабруваме сите партии, граѓаните и граѓанските организации да учествуваат на кредибилни избори и во нивното набљудување и да ја покажат потребната флексибилност за консензуален пристап кој е единствениот начин за трајно решение на политичката криза и долгорочна стабилност на земјата. На крај, ги повикуваме сите партиски лидери за се воздржат од заплашување на јавните функционери, чија задача е создавањето услови за кредибилни избори; пред нив стои тешка задача. Таква реторика не помага и ја нарушува вербата на гласачите дека потребните услови се исполнети“, вели во документот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...