fbpx

Етничките Македонци незадоволни и од положбата и од статусот во Албанија

-

Етничките Македоци кои живеат на целата територија на Албанија, не се задоволни од својот статус во земјата. За некави права можат да говорат само Македонците од етнички чистиот регион Мала Преспа, каде имаат и своја општина. Новата територијална поделба уште повеќе ќе ги стесни можностите за културна и за национална еманципација.

Претставници на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, тоа го соопштија уште еднаш на Конфернцијата „Кво модо“ (Quomodo), која се одржа во главниот албански град изминатиов викенд.

На конференцијата присуствуваа претставници на македонското и на влашкото малционство во Албанија, потоа од данското малцинство во Германија, влашкото од Македонија и од Романија, Лужички Срби од Германија, како и на Словенците од Австрија.

Организатор на собирот беше Влашкиот младински совет на Албанија, во соработка со Младината на европски националности (YEN), европска мрежа од 40 невладини организаци од континетот, кои се грижат за малцинствата.

Главната цел на Младината на европските националности е да ги зачувува и унапредува правата на малцинствата и на етничките групи во Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...