fbpx

Возел без дозвола, па усмртил друг возач

-

Утврден е идентитетот на загинатиот во синоќешната сообраќајна несреќа кај штипското село Криви Дол, на патот Штип – Свети Николе. Во несреќата загина 28-годишниот Спасе Столковски, од селото Таринци, оженет, татко на едно дете. Стоилковски, најверојатно, починал на местото на несреќата откако во неговото возило „југо“ удрило возилото „мазда“, со кое управувал скопјанецот Џ.З., кој, според истрагата, немал возачка дозвола. Ударот бил толку силен што „југото“ на Стоилковски се превртело и излетало од коловозот.

Џ.З. побегнал од местото на настанот, но подоцна, по патот го пронашла екипата на Итната помош. Докторот Јусеин Османов изјави дека го нашле со раскрвавено лице.

– Го забележавме како пешачи по работ на коловозот, најверојатно се криел од полицијата во грмушките – изјави д-р Османов.

Џ.З. во е згрижен во Клиничката болница во Штип, каде му е укажана лекарска помош. Според лекарите, има помали исеченици по лицето, кои му се санирани. Му се следи состојбата, додека е обезбедуван од полиција, која очекува да го спроведе пред истрагата.

Во несреќата, возилото на Џ.З. удрило и во трето возило, на светиноколчанецот Ј.Д., врз кое е предизвикана материјална штета.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...