Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска испрати апел до муслиманските земји да направат заеднички исламски фронт против тероризмот и расизмот.
– Можеби можеме да говориме за различните јазици, можеби доаѓаме од различни краеви и имаме различно потекло, но, кога се соочуваме со тероризмот и со расизмот, ние тие разлики мора да ги ставиме настрана – рекол Ердоган на состанокот на Организацијата за исламска соработка во Истанбул.
Тој отворено ги осуди џихадистите на Исламска држава, кои под контрола држат територии во Сирија и во Ирак и, како што рече, убиваат муслимани во име на исламот.