fbpx

Движење без ПЦР-тест и бесплатно лекување договорија Заев, Рама, Вучиќ и Брнабиќ

-

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче денеска оствари средба преку интернет видео-врска со претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ.

На состанокот беа разгледани сите аспекти на соработка во услови на Ковид-19 кризата кои произлегуваат од иницијативата за напредна соработка во рамките на Берлинскиот процес и денешниот потпишан меморандум.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ рече дека од пресудно значење е оваа соработка, а меморандумите кои беа денеска потпишани ќе помогнат да функционираат земјите и во услови на глобална пандемија.

„Со поедноставување на постапките, овозможуваме подобар развој на економијата која е клучна во овој период, очекувајќи ги уште поголемите економски последици кои произлегуваат од корона кризата“, изјави Вучиќ.

Премиерот на Албанија, Еди Рама додаде дека е среќен со потпишувањето на денешните договори кои ја поттикнуваат слободата на движење на граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија. Според Рама, со утрешниот Софиски самит почнува нова фаза во блиската соработка помеѓу државите, кога во оваа иницијатива и соработка ќе се вклучи Косово, а се очекува и вклучување на другите држави од регионот на Западен Балкан.

Премиерот Заев истакна дека веќе се работи на координација околу обезбедување на вакцина за ковид-19 за граѓаните на трите земји.

„Меѓусебно ќе се поддржуваме и ќе си помагаме во моменти доколку се случи преоптоварување на здравствените системи во нашите земји. Отвораме зелени коридори за патување на нашите граѓани и економските оператори со кои се ублажуваат последиците од ковид-19. Граѓаните и пред се носителите на економијата ќе се движат помеѓу трите земји без потреба од ПЦР тест, односно ќе се ослободат од административен и финансиски товар граѓаните на нашите држави, притоа почитувајќи ги сите мерки на заштита кои се речиси идентични“, рече Заев.

Истовремено, Заев информираше дека дел од договорот е и помошта која земјите меѓусебно ќе си ја даваат во случај на преоптоварување на здравствените системи во државите потписнички. Премиерот Зоран Заев даде и пластично објаснување на значењето за граѓаните во ваков случај.

„Доколку некој граѓанин на Северна Македонија се разболи и треба да се лекува во Албанија или Србија, тогаш нашите соседни држави ќе го покријат лекувањето и нашиот граѓанин нема да треба да плаќа од свој џеб. Истото ќе важи и за граѓаните на Албанија и Србија доколку се затечат на наша територија и им е потребна помош. Ова се моменти на солидарност, на трезвено размислување и на поткрепа која си ја даваме меѓусебно”, заклучи премиерот Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...