fbpx

Двајца членови на Владата се под истрага за корупција, соопшти Заев

-

Двајца членови на актуелната Влада се под истрага за корупција, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на Самитот „Македонија 2025“, што се одржува во Скопје.

Заев додаде дека истрагите се отворени по пријави од граѓаните, но истакна оти не може да соопшти повеќе детали.

– Активно се бориме против корупцијата и не случајно двајца членови на Владата веќе се под истрага… Тука се само два месеца и веќе се под истрага. Други детали не можам да кажам. Наш приоритет е во Македонија да не се појавуваат грешките од минатото, пред сè корупцијата. Законот мора да важи за сите. Само така ќе се овозможат нови инвестиции – рече Заев на панел-дискусијата во рамките на Самитот „Македонија 2025“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...