fbpx

Заев: За коалицијата ќе разговараме следните денови, прво да ги оладиме главите

-

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека досега не разговарал со коалиционите партнери и со другите политички партии за евентуално велгување или излегување од Владата, како и за пополнување на испразнетите министерски, заменик-министерски и директорски места по локалните избори.

Тој очекува за овие прашања да се дискутира во наредните денови, откако, како што рече, ќе слегне прашината и сите ќе бидат со ладни глави.

– Очекувам овие денови прашината да слегне. Сега имаме малку подзапалени политички глави во нашата држава. Се надевам во мирна атмосфера, некаде викендов, да ги отвориме процесите како понатаму заради тоа што имаме неколку испразнети места во Владата – министер, заменик-министер, неколку директори – рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања на маргините на дешениот самит организиран од „Македонија 2025“.

Прашан дали ќе продолжи коалицијата со Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села, Заев изјави дека тоа не зависи само од него, туки и од Села, но и од другите коалициски партнери.

Како што изјави, разговори за влегување во владејачката коалиција немало ниту со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, ниту со пратеникот Чедомир Саздовски, која ја напушти партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски и најави дека ќе дејствува како независен пратеник.

– Ние со Саздовски немаме разговарано за мнозинство, но јас посакувам да разговарам со многу пратеници и верувам ќе имам можност да разговарам. Не би сакал да ги форсирам процесите неприродно, туку сакам тие да се случуваат по природен пат. Знам дека имаме мнозинство и без Села, но секојпат сум поборник тоа мнозинство да биде колку што е можно посилно. Македонија е исправена пред сериозни одлуки и треба да ги завратиме ракавите и да работиме, а со поголемо и посилно мнозинство тоа е секако повозможно и би било поуспешно – изјави Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...