Дујовски за „Телма“: Заканите со бомби се дел од хибридната војна што ја води Русија

-

Заканите за поставени бомби кои треба да создадат страв и паника кај граѓаните и недоверба во државните институции, не доаѓаат од ученици, туку се дел од глобалната хибридна војна на Русија против членките на НАТО, вели проф. д-р Никола Дујовски од Факултетот за безбедност во изјава за „Телма“.

„Овие хибридни закани се дел од хибридната војна која Русија ја води против овој дел од светот. Не смее никој да има дилема во такво нешто. Најголем дел од овие закани јас ги гледам како дел од хибридната војна која Русија ја води против земјите членки на НАТО. Ако ние сме последна земја која се приклучи на НАТО, сè уште ранливи во фазата на размена на информации и затоа веројатно ние сме и целта на овие напади најмногу, повеќе од сите други држави“, вели Дујовски, појаснувајќи дека практично не постои можност да се утврди од кое место во Русија се испраќаат.

Денеска го имавме „најновото продолжение“ од серијалот дојави за поставени бомби. Лажна дојава за поставена бомба денеска околу 09.30 часот добиле девет училишта во Скопје, а дојава имало и во Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити и ТЦ Ист гејт.

Лажни се дојавите за бомби во училиштата, МНР, трговските центри и висококатниците „Џевахир“

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...