fbpx

Македонските институции со естонска помош се борат против сајбер нападите

-

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска заедно со e-Governance Академијата од Естонија организираше вежба за проверка на нашите капацитети за управување со кризи поврзани со сајбер напади, информираат од владината прес-служба.

„Ова е вежба која ќе ни помогне на сите да ја унапредиме свесноста за потребата на воспоставување на систем кој ќе ја подигне сајбер безбедноста на нашите институции и ќе ни помогне подобро да ги дефинираме улогите, одговорностите и механизмите за координација меѓу релевантните организации – во случај на сајбер напади. Сајбер нападите сé повеќе претставуваат реалност и во нашата земја, бројот на истите за жал се зголемува, особено по нашето членство во НАТО и како што се доближуваме до пристапување кон Европската Унија. Со тоа, ургентна е и нашата улога, брзо да се адаптираме на НАТО и ЕУ стандардите за Сајбер безбедност и да изградиме инфраструктура и современи протоколи, кои во иднина ќе нé заштитат од нападите, ќе ги заштитат нашите системи и нашите граѓани“, изјави вицепремиерката Грковска.

На вежбата присуствуваа претставници и ИТ експерти од сите министерства во Владата, од Генералниот секретаријат, како и од Агенцијата за електронски комуникации.

Таа упати благодарност до партнерите, естонската Влада и e-Governance академијата од Естонија, за досегашната поддршка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...