Домот на градежници во Скопје украсен со мурал инспириран од холандскиот сликар Карел Апел

Извор на фотографија: Град Скопје

Домот на градежници во центарот на Скопје доби нов мурал изработен од холандскиот графити уметник Дени Рамбл, информираат од Град Скопје. Муралот е инспириран од еден од најистакнатите холандски уметници – Карел Апел, кој покрај својот исклучителен придонес во холандската ликовна уметност, бил и фантастичен скулптор и поет. Градот Скопје, заедно со Холандската амбасада во Скопје, со муралот ја одбележуваат 100-годишнината од раѓањето на овој познат уметник.

Муралот инспириран од творештвото на овој исклучителен уметник е подарок од Кралството Холандија за Град Скопје. Во моментов, Градот Скопје го гради вториот зелен покрив на зградата на Домот на градежниците, откако претходно идентичен проект беше реализиран на покривот на Градскиот трговски центар.