fbpx
Таг: мурал

таг: мурал

Мурал во центарот на Скопје испраќа порака дека децата се заштитени тогаш кога се вакцинирани

Мурал со дете на ролерки, кој оваа недела беше насликан на фасада на зграда во центарот на Скопје симболично ја осликува потребата на родителите и старателите да направат сѐ за да ги заштитат децатa преку нивно вакцинирае. Со муралот, УНИЦЕФ порачува дека за да ги заштитат здравјето и безбедноста на децата, родителите треба да знаат дека редовната вакцинација во детството...

Уметниците сликаа на еден од двата ѕида во Скопје посветени на графитите

  Тимот на „Скопје 2028 - Кандидат за Европска престолнина на културата“, кој е иницијатор на идејата за назначување на легални ѕидови во Скопје, организираше акција за цртање графити на легалниот ѕид на улица Војвода Васил Чакаларов на тема „Солидарност”. Во акцијата учествуваат седум домашни улични уметници: Ертунч Сали, Давор Кешкец, Марко Вујисиќ, Драган Китановски – Драж, Дејан Давчевски, Блаже...

На две локации во Скопје ќе има легални ѕидови за цртање графити и мурали

Градот Скопје во рамки на кандидатурата за Европска престолнина за културата за 2028 година назначи два легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали, тагови и слично. Првата локација е потпорниот ѕид на улицата Војвода Васил Чакаларов (Адолф Циборовски) по фабриката Реплек. Втората локација се ѕидовите од двете страни на булеварот Гоце...

Домот на градежници во Скопје украсен со мурал инспириран од холандскиот сликар Карел Апел

Домот на градежници во центарот на Скопје доби нов мурал изработен од холандскиот графити уметник Дени Рамбл, информираат од Град Скопје. Муралот е инспириран од еден од најистакнатите холандски уметници - Карел Апел, кој покрај својот исклучителен придонес во холандската ликовна уметност, бил и фантастичен скулптор и поет. Градот Скопје, заедно со Холандската амбасада во Скопје, со муралот ја...

Уметникот Рејан Етеми нацрта мурал посветен на лекарите на влезот во Тетово

Тетовскиот уметник, Рејан Етеми нацртал мурал на влезот во Тетово, во чест на лекарите и медицинскиот персонал, пишува „Порталб.мк“. Во овој дел од градот порано имаше написи со говор на омраза, како „смрт за шиптари“. Наспроти ова, деновиве, сите што ќе го посетат Тетово ќе наидат на нов мурал создаден од уметникот Рејан Етеми. Тој го направил ова за да искаже...

Со изработка на мурал на фасадата на салата „Партизан“ во Кавадарци се завршува серијата АКТО мурали

Со изработка на мурал на фасадата на салата „Партизан“ во Кавадарци се завршува серијата АКТО мурали со која се отвори годинешната програма на јубилејното, 15. издание на АКТО фестивалот за современи уметности во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат(ФР~У). Авторка на муралот е ликовната уметница и професорка Јана Јакимовска, а во изведбата учествуваа и уметниците...

„Рударска приказна“ симболичен мурал за историјата на рударска Македонска Каменица

На Денот на рударите, 28 август, кој е и празник на градот, Македонска Каменица доби мурал, еден од најголемите во Македонија. Муралот е своевидна историја на малото рударско градче и го краси ѕидот спроти зградата на Општината. Делото на четворица македонски автори е исцртано на површина од речиси 300 квадратни метри, во должина од 75 метри. Највисоката точка на...

„Напред, без да се заборави нашата солидарност и антифашизам“ – нов мурал во Прилеп

Со изработка на муралот насловен „Напред, без да се заборави нашата солидарност и антифашизам“ на фасадата на хотелот „Скопје” во центарот на Прилеп, продолжува програмата на јубилејното, 15-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат(ФР~У). Автор на муралот е Ристо Аврамовски во соработка со Владимир Милиќ, Филип Јовановски и...

Нов мурал на белградскиот уличен артист „Пијанист“ до скопската гимназија „Јосип Броз Тито“

Нов уметнички мурал, насликан од познатиот архитект и уличен артист од Белград, Андреј Јосифовски, познат под псевдонимот „Пијанист“ од неодамна е нацртан на зградата веднаш до гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Муралот е поставен по нарачка на Халкбанк, а пораката зад делото е „Важни се луѓето“, која истовремено е и корпоративниот слоган на банката. Како што велат од Халкбанк,...

„Солидарност, мобилност, иднина“ – нов мурал во Велес

Продолжува програмата на јубилејното, 15-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат (ФР~У) овој пат со изработка на мурал на бетонскиот ѕид на влезот на Велес, под Спомен-костурницата. Муралот чиј автор е младиот уметник Давор Кешкец, е изработен на 86 метри должина и 2,5 метри висина и е во...

„Солидарноста е темел на иднината“ – нов мурал во Ченто

Со изработка на мурал на фасадата на Домот на култура во населбата Ченто во Скопје продолжува програмата на јубилејното, 15-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат (ФР~У). Автор на муралот „Солидарноста е темел на иднината“ е младиот уметник Владимир Милиќ, и е во продукција на ФР~У во...

Кочани доби мурал со гас маска во време на корона и аерозагадување

Во време на подзаборавеното аерозагадување, а сè позасилениот страв од корона вирусот Ковид-19, потпорниот ѕид кај тн. „Атомски згради“ на булеварот „Тодосија Паунов“ во Кочани, доби мурал со гас маска. Муралот е уметничка креација на Орхан Ќамилов, Иван Шапков, Давид Јосифов и други. – Овој ѕид претходно беше наменет исклучиво за изборни плакати. Сѐ уште постојат траги што сведочат за...

Сараево доби 13 метарски мурал на Дејвид Боуви

Група на уметници од Босна и Херцеговина деновиве открија голем мурал на Дејвид Боуви во Сараево, пишува „Глобал Војсис“. Со ова дело, уметниците кои себе се нарекуваат „Тим Боуви“ сакале да изразат благодарност за придонес на Боуви во хуманитарните акции на пејачот за време на војната во државата. Муралот на Боуви е насликан на ѕидот на една трошна зграда во кампусот...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...