Доделена наградата за животно дело – „11 Октомври“

-

Празнувањето на еден од најзначајните национални празници за македонскиот народ и оваа година беше одбележано со традиционалното доделување на високите награди за животно дело.

На вчерашниот ден во Собранието на Република Северна Македонија се одржа церемонијално врачување на призанијата од страна на член на Одборот, Атанас Костовски.

Академскиот уметник Павле Кузмановски, актерката Бедиа Беговска, професорот д-р Атанас Вангелов и политикологот Махи Несими се овогодинешните добитници на највисокото национално признание за животно дело. Во областа на културата и уметноста награда добија Кузмановски, Бедиа и Несими, додека Вангелов е избраник во полето на науката и образованието.

По врачувањето, Павле Кузмановски одржа говор во име на сите добитници изразувајќи благодарност за доделените признанија.

-Уметникот и секој творец во својата дејност создава растеретен од очекувањата за јавни признанија, задлабочен во својот творечки свет. Сепак, во нашиот творечки свет очигледно не сме биле сами, па ви заблагодаруваме за тоа. Оваа највисока награда има големо значење за секој од нас. – истакна Кузмановски.

Државната награда „11 Октомври“ за првпат е доделена во 1959 година и таа е највисока награда за животно дело што се доделува во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес. Во една година можат да се доделат најмногу пет награди.

 

 

 

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...