Џонсон Мети ја презентираше практикантската програма пред студентите по технологија на УКИМ

Фото: Џонсон Мети

Компанијата „Џонсон Мети“ која ведно е и светски лидер во производство на катализатори за автомобилска индустрија и катализаторски системи за контрола на загадувањето ја презентираше својата практикантска програма пред студентите од инженерско-техничките студии на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Претставниците на „Џонсон Мети“ во рамките на двонеделниот виртуелен Саем за вработување, во организација на студентската организација БЕСТ (Борд на европски студенти по технологија) ја презентираа програмата за општа пракса за различни одделенија во компанијата, како што се проекти, човечки ресурси, планирање и одржување. Исто така, тие презентираа и активна кампања наречена „Програма за практикантска работа со можности за понатамошно вработување во Џонсон Мети“ за сите студенти од инженерски и технички студии.

„Овој чекор го презедовме како решение за недостигот на квалификуван технички кадар во оваа област. Во овие тешки времиња, ова се многу критични улоги за вработување и затоа одлучуваме да ги создадеме. Преку настанот се поврзуваме со сегашните студенти, се претставивме пред нив, а тие научија за потребните квалификации за работа“, вели Александра Симоновска, задолжена за ангажман на нови вработени во компанијата.

БЕСТ го организира Саемот за вработување и кариера по 17-ти пат, каде Џонсон Мети е долгогодишен партнер.