Димовски и Калајџиев – дел од комисијата за помилување во кабинетот на Сиљановска

За претседател на Комисијата за помилување именуван е проф. д-р Методија Каневчев

-

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за помилување.

За претседател на Комисијата за помилување именуван е проф. д-р Методија Каневчев, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска, Саше Димовски и Ајтен Шаќири.

„При изборот и именувањето на членовите на Комисијата за помилување претседателката Сиљановска Давкова се водеше по критериумите за стручност, компетентност и конкурентност. Именуваните членови се истакнати експерти и познавачи од областа на правото“, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.

Денеска ќе биде одржана првата седница на Комисијата за помилување каде што ќе биде одлучувано за помилувања по повод 2 Август.

Комисијата за помилување нема заседавано од јануари годинава, а претходниот состав составен од поранешниот претседател Стево Пендаровски беше воден од Уранија Пировска. Поради претседателските избори, не беше избран нов состав на комисијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...