fbpx

Димитров на форум во Грција со Ципрас и Дачиќ

-

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе биде еден од учесниците на „Делфи економскиот форум“ во Грција, што започнува денеска, а ќе трае до 3 март.

Димитров утревечер ќе има обраќање на пленарната сесија, а ќе говорат и грчкиот премиер Алексис Ципрас, шефот на кипарската дипломатија, Никос Христодулидис, вицепремиерката на Романија, Ана Бирчал и вицепремиерот и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Свеченото отворање на форумот е закажано за денеска попладне со обраќање на претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, претседателката на Европскиот културен центар во Делфи, Хелен Арвалер, европскиот комесар, Христос Стилианидис и израелската министерка за социјална еднаквост, Гила Гамлиел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....