Димитров: Ако ЕУ дозволи македонскиот јазик да биде пречка, нема да ја заслужи придавка „европска“

-

Ако Европската Унија (ЕУ) дозволи на некој начин македонскиот јазик да биде пречка тогаш нема да ја заслужи во своето име „европска“, порача вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров од Прилеп, каде ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание.

– Една работа ќе кажам. Мислам дека е неевропски предизвик македонскиот јазик да стане пречка на нашата европска иднина и интеграција. Ако ЕУ дозволи на некој начин ова да биде пречка, тогаш нема да ја заслужи во своето име „европска“. Не знам дали ќе можеме да веруваме на таква Европска Унија. Мора мудрост и почит. Нема пријателство без взаемна почит. Сите што сакаат да го видат македонскиот народ блиску и пријателски, мора не прифатат кои сме и каков јазик зборуваме – ние зборуваме македонски јазик. Без елементарна почит не може да се развие блискост или пријателство. Никој друг на светот, ниту една друга држава, ниту соседна ниту подалечна, па ниту меѓународна организација нема право да се меша во нашето самоопределување – порача Димитров, во контекст на разните реакции од Бугарија во врска со постоењето на македонскиот јазик.

Тој предводејќи ја владината делегација положи цвеќе на спомениците на Методија Андонов – Ченто и на Кузман Јосифовски – Питу, Алејата на народни херои, споменикот „Жена борец“ и Могилата на непобедените.

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија за спречување...

Трамп нареди објавување на илјадници класифицирани досиеја за атентатите на Џон Кенеди и Мартин Лутер Кинг помладиот

Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на функционерите да направат планови за декласификација на документите поврзани со три атентати - на Џон Ф. Кенеди, Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг...

ТАВ Аеродроми: Нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, објавува дека „easyJet“, втората по големина авиокомпанија за летови на кратки и средни релации во Франција и со водечка улога во локалното поврзување, воведува нов директен...

Уште четири лица осомничени за терористичка организација

Под раководство на јавен обвинител, вчера била спроведено координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и одделите за сузбивање на организиран и сериозен криминал и за специјални полициски операции, во рамки...

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија...