fbpx

ДИК нема пари за нови тендери, Владата ветува дека до изборите ќе ѝ даде

-

Со вториот предлог-ребаланс на буџетот, за кој се одвива комисиска расправа во Собранието, буџетот на Државна изборна комисија останува близу 104 милиони денари (1,6 милиони евра), колку што беше предвидено со првиот ребаланс на буџетот во јуни годинава.

Тогаш на ДИК ѝ беа скратени околу 400 милиони денари од предвидениот буџет за 2016 година  од 531.375.000 денари. Тогаш Министерството за финансии објасни дека буџетот на ДИК бил намален затоа што немало предвидено датум за одржување избори.

Датумот за избори, 11 декември, пак, беше утврден откако предлог-ребалансот на буџетот веќе беше влезен во комисиска расправа, па оттука и сумата од 104 милиони денари за ДИК останала иста.

Сепак, постои можност таа да биде коригирана така што по завршувањето на комисиската расправа, предлог-ребалансот на буџетот се враќа на Владата, која може да предложи поголем буџет за ДИК, за кој потоа ќе се расправа на пленарна седница во Собрание.

За тоа дали и колку пари се обезбедени за ДИК, од Министерството за финансии одговорија дека имаат механизми за да ги обезбедат потребните средства за непречено спроведување на изборите.

– Откако Собранието ќе донесе одлука за распишување на избори, Министерството за финансии има механизми за да ги обезбеди потребните средства за непречено спроведување на изборите – велат од Министерство за финансии за „Мета“.

Оттаму не одговорија дали ќе биде обезбедена сумата што беше првично предвидена со буџетот за 2016 година, односно 531.375.000 денари, колку што бараше ДИК.

Од ДИК за „Мета“ велат дека сè уште не се распишани тендери за набавка на гласачки материјали ниту, пак, кој било тендер поврзан со изборите.

– Кога се откажаа изборите на 5 јуни и нашиот буџет беше скратен. Од оваа причина не можеме да распишеме тендери ниту за набавка на гласачки материјал, ниту, пак, за нешто друго поврзано со изборите. Како и за претходните, така и за спроведување на овие избори, ние побаравме иста сума – велат од ДИК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...