fbpx

Министерство за финансии: Буџетот на ДИК е намален бидејќи нема датум за избори

-

Намалувањето на буџетот на ДИК е затоа што засега нема предвидено датум за одржување избори, велат од Министерството за финансии по информациите дека со ребалансот на буџетот парите со кои располага Државната изборна комисија се намалуваат за 400 милиони денари.

Од повеќе од 531 милион денари на почетокот на годината, сега ДИК останува со буџет од речиси 104 милиони денари.

– Кога се правеше и се усвојуваше буџетот за 2016 година, во Изборниот законик имаше датум за избори. Сега нема, и средствата се реалоцирани, но ако се закажат изборите третпат годинава, средства повторно ќе се обезбедат – одговорија од Министерството на прашањето на „Мета“ за причината за огромното кастрење на средства за ДИК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...