Девојка од Австралија со свиркање гради музичка кариера во Холивуд

Моли Луис настапува со нејзиниот бенд во клубот Зебулон во Лос Анѓелес. Фото: снимка од видеото Molly Lewis Balcony For Two - Live at Zebulon од нејзиниот канал на Јутјуб.

Моли Луис е несекојдневна девојка со кариера во подем. Родена е во Австралија и како тинејџерка својот интерес за музика го преточила во учество на натпревари по свиркање. Денес на 31 година е призната професионална уметница, чие шоу со свиркање „Кафе Моли“ е дел од ноќниот живот во Лос Анѓелес.

Дел од нејзиниот успех се должи и на објавувањеto на Јутјуб на снимки од нејзините настапи на натпревари, поетски вечери и други слични настани.

Денес нејзиниот канал на Јутјуб (Molly Lewis) и профилот на Инстаграм „Кафе Моли“ ѝ служат како платформа за насочување на фановите да купат дигитални копии од нејзините снимки.

Моли има низа гостувања во нумери на познати музичари, од кои последна е соработката со хип-хоп легендата Доктор Дре. Пред пет години со Карен О од инди-рок бендот „Jea jea Jeaс“ има снимено дует за госпел песната „Just a closer walk with thee“ во чест на Хери Стентон.

Карен О смета дека човечкиот глас е еден вид инструмент, додека свиркањето е друг инструмент, заснован на човечкиот здив.

Во текот на 2020 година Моли го искористила времето додека, заради карантинот поради ковид-19, морала да биде затворена дома да научи да свири и на гитара, по што почнала да компонира и свои песни.

Потоа, благодарение на живите свирки ја забележале скаути од издавачката куќа „Jajaguwar“ и ѝ понудиле да сними албум.

Во март 2021 година таа го објави синглот „Oceanic Feeling“, а во јуни и целосен LP албум „The Forgotten Edge“. Албумот има добиено позитивни критики, а колегите музичари ја нарекуваат „најдобрата професионална свиркачка на светот“.

Потоа во текот на летото следуваше и нејзино претставување во Њујорк Тајмс. Угледниот весник посочи дека свиркањето како уметничка форма е скоро изумрено, поставувајќи прашање дали Моли Луис може да го одржи во живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The New York Times (@nytimes)

„Сакам да создавам прекрасна музика што им овозможува луѓето да почуствуваат нешто,“ изјави таа за Њујорк Тајмс.

„Испадна дека свиркањето е единствената работа што може да ја правам на свој начин, која ми овозможи влез во светот на музичарите,“ вели Луис

Луис и нејзиниот бенд редовно свират тезги во ноќните клубови на Лос Анџелес, град за кој изјавува дека ја има маѓепсано. Таа продолжува да објавува снимки од своите настапи на каналот на Јутјуб: