fbpx

Десетина активни пожари низ земјава, Романија испраќа голем авион за гаснење пожари

-

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) утринава информираат дека во моментов најлоша е состојбата со пожарите во Малешевијата, односно кај местото викано Света вода помегу селата Тработивиште и Разловци. Алармантна е и ситуацијата околу селата Будинарци и селото Мачево. Покрај помошта од Србија, Бугарија, Словенија и Австрија, најавено е дека Романија ќе испрати голем авион за гаснење пожари, информираат од Министерството за одбрана. Романските вооружени сили имаат авион од типот „Ц27Ј“ на италијанскиот производител „Алениа“, кој е специјализиран за гасење пожари и кој може да носи шест контејнери од по 1.000 литри вода.

Според податоците на ЦУК заклучно со 9 часот утрово, во Штипскиот регион пожарот кој започна на 02.08.2021 година во атарот на село Нов Истевник маало Пасјак е ставен под контрола и е во дијаметар од 15 километри. До овој момент опожарена е површина од 1.100 хектари со борова шума и нискостеблести растенија на планината Средна во атарот на селото Нов истевник с.Нов Истевник, Податоците се однесуваат на зафатената површина од пожарот на територијата што е на Општина Делчево.

Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 04,00 часот. Во гаснењето на пожарот во моментот се ангажирани вкупно 150 лица. Инаку, пожарот и понатаму е активен. Екипите што се на терен со цел пожарот да се стави под контрола. До овој момент пожарот што е на подрачјето на општина Делчево е заобиколен и ставен под контрола.

Пожарот кој започна на 02.08.2021 година на месноста Бeјаз Тепе и понатаму е активен во селата Робово, Мачево, Будинарци. На терен се над 260 лица кои го гасат пожарот, а дополнително на терен се екипите од Словенија и Австрија. Зафатена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта. Екипите работат на локализирање на висок пожар во с.Будинарци.

Пожарот околу селото Црник е ставен под контрола, на терен е месното население заради контрола околу селото. Во моментот пожарот е и над село Мачево и таму има екипи распоредени. Околу село Робово се прави појас за да се прекине пожарот.

Во Велешкиот регион, пожарот кој што започна вчера во Богословец не е изгаснат и е активен во атарот на село Кадрифаково. Во гасењето на пожарот учествуваат над 50 лица.

Во Струмичкиот регион, пожарот од 01.08.2021 година во месноста Погана кој започна околу 12,30 часот и зафати површина од околу 1350 хектари, е активен, посебно во делот непосредно пред ветерниците кај Богданци. На терен беа ангажирани 46 лица.

Пожарот кај селото Дамјан е активен но нема опасност засега кон за селото. Од ветерот се движи кон селата Дедино и Ињево. На терен се ангажирани 32 лица.

Во Битолскиот регион, во општина Прилеп, пожарот во атарот на с.Ракле – с.Никодин – с.Топлица од 02.08.2021 во 13.10ч. е активен со јак интензитет. Од с.Ракле евакуирани се 2 неподвижни стари лица и префрлени во својот дом во Прилеп.

Пожарот на потегот с.Дрен – с.Смолани (општина Прилеп) во кој гори сува трева, смрека, чолија и лисната постелка е со јак интензитет. На истиот локалитет има и еден приземен пожар на м.в.Мањов Дол, каде гори нискостеблеста дабова шума. На барање на Градоначалникот на ЕЛС Прилеп, упатено до ДЗС Прилеп, за помош на лица за гасење на пожарите ,договорено е дека денес од ДЗС Битола и ДЗС Прилеп ќе има екипа од 12 лица со алат за гасење на пожарите. Градоначалникот на ЕЛС Прилеп има доставено барање за воздушна подршка од хеликоптери и 20 војници од редовите на АРСМ за помош во гасење на пожарот на потегот с.Дрен – с.Смолани.

Во Тетовскиот регион, пожарот над с.Пожаране-Гостивар повторно се активирал. Екипите на Македонски Шуми повторно се на лице место со едно возило и 4 вработени. Состојбата се следи.

Во Скопскиот регион, пожарот кај селата Раовиќ – Буковиќ – Ласкарци (општина Сарај) е под контрола, т.е. гори само високото на сртот према НП Јасен, каде веќе има екипи од НП Јасен кои доколку има потреба ќе интервенираат. Нема опасност по с.Раовиќ и по останатите населени места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...