Десетици илјади протестираат во Израел, бараат примирје и да се вратат заложниците

Најголемиот синдикат во државата повика на генерален штрајк денеска. Протестите беа поттикнати од пронаоѓањето на шест мртви израелски заложници во Газа

-

Вчеравечер започнаа масовни протести во Израел – граѓаните бараат примирје и враќање на заложниците заробени од Хамас на 7 октомври. Протестите продолжија денес. Демонстрантите блокираа улици, а најголемиот синдикат во државата најави генерален штрајк денес, пренесува Гардијан.

Поттикот за сегашниот бран на протести беше пронаоѓањето на шест мртви израелски заложници во Газа.

Вчера беше блокиран автопатот Ајалон, кој минува низ Тел Авив. Полицијата се обиде да ги смири демонстрантите, некои од кои и палеа објекти. Локалните медиуми пренесуваат дека имало околу триесетина приведени лица. Имаше демонстрации и во Ерусалим.

На денешниот штрајк ќе учествуваат и болници, училишта, одредени јавни институции, како и до одредена мера аеродромот.

Крајнодесничарскиот министер за финансии Безалел Смотрич изјави оти тој смета дека не е соодветно синдикат да ја притиска владата да донесе одлуки кои се поврзани со безбедност.

Но, синдикатот „Хистадрут“ ја донел одлуката во соработка со организацијата „Форумот на заложници“, која сметала дека штрајкот е соодветна одлука за вршење притисок врз владата. Лидерот на опозицијата Јаир Лапид ја поддржа одлуката на синдикатот.

Израел соопшти оти шесте пронајдени заложници биле застрелани два до три дена пред да бидат пронајдени. Премиерот Нетанјаху директно ги кривеше членовите на Хамас за тоа нивните убиства и за нивното одбивање да прифатат договор за примирје. Но, ова не го скроти гневот на израелската јавност.

Протестите остро ги критикуваат одлуките на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, за која се смета дека не е доволно посветена на постигнување договор за примирје.

Истовремено, Израел изврши воздушен напад врз училиште во Газа, привремено користено како засолниште. Биле убиени 11 лица, вклучувајќи жена и дете.

Хуманитарната агенција на ОН за Палестина (УНРВА) ја започна својата кампања за вакцинирање против полио. Повеќе од 85.000 деца ја примиле првата доза. Но, организацијата истакнува дека е приоритетно да се обезбеди примирје за да се осигури безбедноста и здравјето на децата во Газа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поевтинуваат бензините и дизел горивото

Бензините Еуросупер БС 98 и Еуросупер БС 95 се намалуваат за еден, односно за половина денар за литар, а дизел горивото се намалува за денар и половина, соопштија во...