фото: ФБ Венко Филипче

На скопскиот аеродром денеска пристигнаа 20.000 дози вакцини против ковид-19, донација од Грција. Министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев ги пречекаа пратките со вакцината „АстраЗенека“.

На својата фејсбук страна министерот Филипче изрази благодарност до грчката влада.

„Денеска од нашите пријатели од владата на Република Грција ја примивме донацијата од 20.000 дози вакцини „АстраЗенека“. Оваа поддршка од грчката влада, амбасадорот на Република Грција, Н.Е. Русос Кундурос и грчкиот народ, се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност. За време на примопредавањето нѐ поздрави и премиерот Зоран Заев, кој во тој момент се врати од Брисел. Солидарноста меѓу пријателските земји во време на ковид пандемијата покажува колку е важно сите да бидеме сплотени во процесот на имунизација, бидејќи тоа е единствениот начин да извојуваме победа против вирусот ковид-19“, напиша Филипче.