понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: АстраЗенека | 26 резултати

Најавените 38.400 вакцини „АстраЗенека“ преку Ковакс механизмот пристигнаа синоќа на скопскиот аеродром

мај 15, 2021

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека синоќа пристигнале 38.400 вакцини од производителот „АстраЗенека“ кои се обезбедени преку Ковакс механизмот. „Вакцините ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години. Количините постојано се надополнуваат, пријавете се на vakcinacija.mk,“ напиша Филипче на неговиот фејсбук-профил. Денеска се очекува и пристигнување на 100.000 дози „Синофарм“, […]

Денеска ќе пристигнат 38.000 вакцини „АстраЗенека“, а утре 100.000 „Синофарм“ донација од кинеската армија, најави Филипче

мај 14, 2021

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека денеска треба да пристигнат близу 40.000 вакцини „АстраЗенека“ преку КОВАКС механизмот, а утре 100.000 од „Синофарм“ како донација од кинеската армија. Според Филипче, вакцинацијата оди добро, вакцинирани се 150.000 а ревакцинирани 30.000 граѓани. Министерот информираше дека има пријавено нови 9.000 граѓани кои се над 70 години и со […]

ЕУ ќе ја тужи компанијата АстраЗенека поради доцнењето со испорака на вакцините

април 26, 2021

Европската унија поднесе тужба во Белгија против фармацевтската компанија „АстраЗенека“ за, како што рече, прекршување на договорот при испораката на вакцината против ковид-19 од страна на компанијата, пренесува Гардијан. Односот на ЕУ со компанијата се влоши откако АстраЗенека во јануари изјави дека нема да може да ги испорача закажаните дози на вакцини за првиот квартал […]

Филипче најави 20.000 дози од вакцината „Фајзер/Бионтек“ кои ќе стигнат на 19 и 26 април

април 14, 2021

Министерот за здравство Венко Филипче најави 20.000 дози од вакцината „Фајзер“ кои на 19 и на 26 април по 10.000 вакцини треба да пристигнат во државата. Најголема количина се очекува од Кина, од каде што треба да пристигнат 200.000 вакцини, и тие според Филипче ќе направат најголема промена во динамиката на спроведување на вакцинацијата. Тој […]

Вистиномер: Не може да се потврди дека помодрената рака на фотографијата е од вакцина на „АстраЗенека“

април 13, 2021

Не може да се потврди дека на фотографијата којашто се споделува со овој пост, е прикажан некој што се вакцинирал со вакцина од „АстраЗенека“. Не може да се провери ниту од кога и од каде е фотографијата. Лажно се тврди дека таа била објавена на бугарските вести. Нашето пребарување од датумот кога е објавена фотографијата […]

Филипче: Вакцината Астра Зенека нема да се дава на лица помлади од 60 години

април 8, 2021

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека утрово во редовната координација со членовите на работната група за имунизација и со директорите на клиниките се разгледувал ставот на бордот на Европската агенција за лекови во врска со безбедноста на вакцината Астра Зенека. Согласно препораките на Европската агенција за лекови секоја држава да завземе сопствен став за […]

Брисел бара единство, европските влади поделени околу ограничувањата на употребата на Астра Зенека

април 8, 2021

По вчерашната проценка на Европската агенција за лекови (ЕМА) дека вакцината Астра Зенека во многу ретки случаи може да предизвика згрутчувања на крвта кај лицата што ја примиле, министрите за здравство на ЕУ одржаа вонредна виртуелна средба на која не се договорија да изготвуват заеднички упатства за употреба на оваа вакцина. Во меѓувреме, Шпанија го […]

Грозданова: Сите вакцини се безбедни, ризиците се илјадници пати помали од ризикот што го носи ковид-19

април 2, 2021

Претседателката на Националниот комитет за имунизација Александра Грозданова на денешниот брифинг со новинарите на тема „Митови и вистини за ковид вакцините“ организиран од страна на Лекарска комора на Македонија истакна дека вакцините „Фајзер/Бионтек“, „АстраЗенека“, „Синофарм“, „Спутник“ се безбедни вакцини и ризикот од нивното примање е илјадници пати помал од ризикот кој со себе го носи […]

Во Прилеп до 14 часот вакцинирани сите лица што имале термин, во Крушево вакцинирање од петок

март 31, 2021

На еден пункт во Здравствен дом – Прилеп утрово почна вакцинацијата со вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“ на граѓаните над 77 години. До 14 часот вакцинирани се сите граѓани по планот, според редоследот по кој резервирале термин преку матичните лекари. „Пристигнаа 900 дози од вакцината „АстраЗенека“. Процесот на вакцинација почна и се одвива без какви […]

Филипче: Внимателни сме со „АстраЗенека“, границата со Грција се отвора на 14 мај

март 31, 2021

Ние одлучивме да бидеме внимателни и да одиме полека, но сигурно кога станува збор за вакцината на „АстраЗенека“ и затоа ќе чекаме дефинитивна потврда дека вакцината е безбедна, рече предмалку во изјава министерот за здравство Венко Филипче. Тој кажа дека ќе има состанок со претставници на Агенцијата за лекови Малмед, а ќе разменат информации и […]

91-годишно лице меѓу првите што се вакцинираа против ковид-19 во Штип

март 31, 2021

Виталниот 91-годишник сам дојде, ги искачи скалите од Здравствениот дом во Штип и пристигна на вториот кат на пунктот за вакцинација на закажаниот термин за да ја прими првата доза на вакцината АстраЗенека. Овој пациент беше меѓу првите кои денеска ја примија вакцината и го означија на почетокот од вакцинацијата на повозрасните граѓани во Штип. […]

Пановски: Не знам зошто да не се прими втора доза на „АстраЗенека“ ако веќе е примена првата

март 31, 2021

Околу дваесет милиони луѓе само во Велика Британија се вакцинираа со „АстраЗенека“, но и илјадници други во други држави, па затоа не гледам причина да запре вакцинацијата со таа вакцина. Ова е ставот на проф. д-р Никола Пановски, по последната одлука на Министерството за здравство да ја прекине вакцинацијата на лица помлади од 60 години. […]

Од денеска започнува вакцинацијата со „АстраЗенека“ за граѓани над 77 години, оние под 60 години ќе бидат изземени

март 31, 2021

Денеска започнува вакцинацијата на граѓани над 77-годишна возраст со вакцината на „АстраЗенека“. Од предвидени 20.000 вакцини, до сега се закажани 5.976 термини за вакцинација. Од Министерство за здравство информираа дека до крајот на оваа и за следната недела, на територија на цела држава пуштени се 9.577 термини. Денеска ќе стартува вакцинацијата во Скопје, односно во […]

Професор по неврологија во „ЕУобсервер“ пишува за стравовите околу „АстраЗенека“ вакцината

март 30, 2021

Колумната на професорот Најеф Ал-Родан, во врска со вакцината „Оксфорд/АстраЗенека“ објавена во ЕУобсервер ја пренесуваме во целост: На почетокот на овој месец, воведувањето на вакцинациите во ЕУ претрпе силен пресврт, кога 13 европски земји накратко го прекинаа користењето на вакцината против ковид-19, „Оксфорд/АстраЗенека“. Ова се случи откако десетици луѓе по нивната вакцинација претрпеа животно-загрозувачко згрутчување […]

Пристигнаа првите 24.000 вакцини преку Ковакс-механизмот

март 28, 2021

На скопскиот аеродром, во присуство на дипломатскиот кор, претставници на СЗО и УНИЦЕФ, утрово пристигна првата пратка со 24.000 вакцини „Оксфорд/АстраЗенека“, истовремено и првата пратка вакцини добиени преку Ковакс-механизмот. Со овие вакцини, ќе започне масовната вакцинација на населението. До крајот на месец април, се очекува да пристигнат уште 76.000 вакцини преку истиот механизам, според најавите […]

Првите 24.000 дози вакцини на „Оксфорд/АстраЗенека“ ќе пристигнат во недела преку Ковакс системот, најави Филипче

март 25, 2021

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва преку официјалните профили на социјалните мрежи најави дека во земјава преку Ковакс системот ќе пристигнат првите 24.000 дози на вакцини против ковид-19. Како што посочи Филипче, станува збор за вакцина на производителот Оксфорд/АстраЗенека. Тој очекува вакцините во Скопје да пристигнат во недела на 28 март во 7:55 часот наутро.

Хрватскиот премиер, министерот за здравство и претседателот на парламентот ја примија „Оксфорд/АстраЗенека“ вакцината

март 24, 2021

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, претседателот на парламентот Гордан Јандроковиќ и министерот за здравство, Вили Берош денеска јавно се вакцинираа со вакцината „Оксфорд/АстраЗенека“ во седиштето на Владата во Загреб. Мислам дека е испратена силна порака до медицинската наука и професија, особено затоа што се вакциниравме со АстраЗенка, изјави Берош пред новинарите по вакцинацијата. Тој изрази […]

Вакцината Оксфорд/Астра Зенека е безбедна, покажаа резултатите од новото тестирање во САД

март 22, 2021

Британскиот јавен сервис БиБиСи објави резултати од тестирањето на вакцината „Оксфорд/АстраЗенека“ во САД, според кои оваа вакцина е безбедна. Испитувањето се вршело на 32.000 доброволци од САД, но и од Перу и Чиле, а резултатите покажале дека ефективноста против SARS-CoV-2 е околу 79 отсто, додека вакцината е 100 успешна во превенција на сериозно заболување од […]

Вистиномер: „АстраЗенека“ не е кинеска фирма и не е точно дека „умреле сите кои ја примиле оваа вакцина“

март 21, 2021

„АстраЗенека“ е британско-шведска мултинационална, фармацевтска и биотехнолошка компанија со седиште во Кембриџ, и, оваа компанија нема 45.000, како што се тврди во постот на Фејсбук,  туку 70.600 вработени. Во повеќе земји каде се аплицираше вакцината  „АстраЗенека“ се појавија случаи на несакни ефекти – згрутчување на крвта,  па некои европски држави привремено го запреа вакцинирањето со […]

СЗО: Имунизацијата со вакцината на АстраЗенека да продолжи, придобивките поголеми од евентуалниот ризик

март 17, 2021

Светската здравствена организација (СЗО) во денешната изјава во однос на безбедноста на вакцијата против ковид-19 на производителот АстраЗенека препорачува земјите да продолжат со имунизацијата на населението со оваа вакцина. „СЗО смета дека придобивките од вакцината АстраЗенека ги надминуваат нејзините ризици“, се наведува во изјавата на СЗО. Тие дополнуваат дека вакцинацијата против ковид-19 нема да ги […]

Страна 1 од 2