fbpx

Денеска граѓански марш во Скопје под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“

-

По повод Денот на народното востание и антифашистичката борба, 11 Октомври, денеска попладне ќе се одржи граѓански марш под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“.

Иницијатори на граѓанскиот марш, кој ќе почне во 14 часот, се лидерот на СДСМ, Зоран Заев, новинарите Томислав Кежаровски и Атанас Костовски, активистот Влатко Васиљ, актерката Ирена Ристиќ, музичарите Златко Ориѓански и Бени Шакири и припадничката на Сојузот на борци, Вера Бунтеска.

Маршот ќе почне од раскрсницата на булеварот Партизански одреди и улицата Франклин Рузвелт, во близина на новиот објект на Специјалното јавно обвинителство, а ќе продолжи по булеварот Партизански одреди до зградата „Тифани“, од каде преку улицата Димитрие Чупоски ќе заврши пред Собранието на Република Македонија.

Пред Законодавниот дом ќе има поставено бина и на граѓаните ќе им се обратат четворица говорници, меѓу кои и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Со маршот, како што претходно соопштија организаторите, ќе се одбележи Денот на востанието во Македонија и ќе се испрати слободарска порака.

„Ќе маршираме за борба против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места, за млади кои сакаат да останат да живеат во родната земја. Да застанеме рамо до рамо сите заедно, еднакво важни, независно од каква било различност“, велат организаторите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...