fbpx

Декларација за зачувување на светското природно и културно наследство на Охрид

-

Неколку крајезерски месни заедници, еколошки здруженија и манастирот „Св. Наум“ на Дебарско-кичевската епархија на МПЦ, изработија Декларација за зачувување на светското природно и културно наследство на Охрид, во областите со висока еколошка вредност од меѓународен карактер, признаен од УНЕСКО и од суштинско значење и приоритет за Република Македонија.

Декларацијата е иницирна од месната заедница Лагадин, Еколошкото друштво „Лагадин“ и од Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“, а на неа се потпишани месните заедници на Љубаништа, Пештани, Лагадин, Рача, Коњско, Далјан/Воска и манастирот „Св. Наум“ на Дебарско-кичевската епархија на МПЦ. Декларацијата е испратена до сите носители на одлуки поврзани со заштитата на светското културно и природно наследство на Охрид.

„Цврсто веруваме дека како надлежни институции не сакате да учествувате во деградирање на ова исклучително значајно богатство, кое е под заштита на УНЕСКО. Апелираме до Вас да ги стопирате предложените измени на планот за управување со Националниот парк „Галичица“ и со урбанистичките планови на Охрид, како и одредени одлуки за урбанизација и да се повлечете од спроведувањето на овие проекти“, стои во декларацијата потпишана од месните заедници.

Потписниците сметаат дека Охридско Езеро и Националниот парк „Галичица“, кои се дел од светското природно и културно наследство признаени од УНЕСКО, се загрозени од проекти со кои се предвидува изградба на експресен пат, голем туристички скијачки комплекс и несоодветна и штетна урбанизациија на голем дел од крајбрежјето и од градот Охрид.

Предложените измени во планот за управување со Националниот парк „Галичица“, измените на урбанистичките планови на Охрид, како и други одлуки за урбанизација, за овозможување на реализацијата на овие проекти, претставуваат сериозна закана за одржување на биодиверзитетот и природната изворност на Охридско Езеро и на Националниот парк „Галичица“ и го доведуваат во прашање нивниот статус на светско наследство. Заканата е потврдена дури и со извештаите за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за овие планови, каде во дури 80 проценти од заклучоците се вели дека негативното влијание врз биодиверзитетот, почвата и водите ќе биде неповратно, т.е. нема да може да се преземат никакви корективни мерки, тврдат претставниците на месните заедници, Црквата и на еколошките здруженија од Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...