Децата со дијабетес тип 1 конечно добија бесплатни сензори за мерење гликемија

Државата набави 650 сензори за мерење гликемија во крвта, две години откако Мета пишуваше за апелот на младата Миа Чичкариќ, која тогаш им порача на надлежните да ги набават уредите, за децата конечно да ги одморат нивните прстиња од секојдневните боцкања

-

Универзитетската клиника за детски болести од денеска има бесплатни сензори за мерење гликемија во крвта кај најмладите пациенти. Набавени се сензори за 650 пациенти, наменети за деца и млади до 18 години со дијабетес тип 1, како и за бремени жени со дијабетес тип 1, слепи лица, а останатите сензори ќе бидат доделени на Универзитетската клиника за ендокринологија.

Ова се случува откако пред точно две години, младата Миа Чичкариќ, во интервју за Мета.мк апелираше до надлежните да ги набават овие уреди, за децата да можат да ги одморат прстите од секојдневни боцкања со игли.

Министерот Фатмир Меџити денеска беше на Детска клиника. Кажа дека сега ќе се олесни мерењето на шеќер и дека децата нема да имаат трауми.

„Со ова значајно го зголемуваме квалитетот на животот на децата. Како и во другите земји во светот, наша обврска како Министерство за здравство е да обезбедиме што подобра грижа за малите пациенти кои треба да пораснат во здрави личности“, истакнал Меџити.

Како што е наведено во соопштението на Министерството за здравство, употребата на сензорите има повеќекратни придобивки.

„Овозможува постигнување и одржување на гликемијата во секое време, превенирање на компликации од дијабетесот, оптимизирање на способноста за учење кај младите луѓе со дијабетес, а исто така се овозможува родителите да ја мерат ноќната гликемија на децата без да мора да ги разбудат. Воедно, системите алармираат и превенираат акутни состојби кај дијабетесот како хипогликемија и хипергликемија. Сензорите се едноставни за употреба, се поставуваат на надлактицата и гликемијата се мери со електронски уред или со мобилен телефон“, појаснето е во соопштението.

Меџити кажал дека како министер за здравство ќе се залага најсовремените начини за третман на дијабетес да бидат достапни за пациентите, бидејќи кога станува збор за пациент со дијабетес, треба да се има предвид дека станува збор за начин на живот.

Во моментов, во Македонија има околу 600 деца со дијабетес тип 1 (зависни од инсулин), меѓу кои повеќето се деца под 10-годишна возраст. Секое од нив поединечно во просек годишно мора да биде околу 3.500 пати боцнато во прстињата за да се измери нивото на шеќер (глукоза) во крвта, што е основа во третманот за самоконтрола кај дијабетесот. Таа бројка, пак, заедно со просечната од 1.500 инјектирања со инсулин годишно, изнесува околу 5.000.

Бројката на деца со дијабетес во Македонија, како што велат во Баланс МК, Асоцијацијата за детски дијабетес, за жал, расте од година во година.

По објавата на Мета.мк за Миа Чичкариќ, поранешниот министер Венко Филипче ја повика во неговиот кабинет и ѝ вети дека ќе бидат набавени вакви сензори. Подоцна, кога во министерската фотелја седна Беким Сали, постапката за набавка на системи за следење на гликоза во крвта, беше поништена.

Maлолетници од Битола се здобиле со тешки повреди во сообраќајка со мопеди

Мопеди управувани од малолетници се судриле во Битола, а од ударот со тешки телесни повреди се здобиле возачите на мопедите кои биле малолетни, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во...

Прскањето вода на ниви под далекуводи може да е кобно, предупредува МЕПСО

Земјоделците во екот на сезоната за наводнување и жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далекуводите...

Реконструирани 24 километри пат од Охрид до Свети Наум

Денеска во Охрид беше пуштен во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Свети Наум. Обновени се 24,3 километри магистрален пат, а инвестицијата е 11,7 милиони евра. Со реконструкцијата е направена...

Обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за трагедијата во „Пулс“

Обвинителен акт против вкупно 34 физички и 3 правни лица осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ која однесе 62 животи, соопшти денеска на прес-конференција државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Информирајќи за...

Maлолетници од Битола се здобиле со тешки повреди во сообраќајка со мопеди

Мопеди управувани од малолетници се судриле во Битола, а од ударот со тешки телесни повреди се здобиле возачите на мопедите кои биле малолетни, информираат во Министерството за внатрешни работи...