fbpx

Дебата за Студенчишко блато, Лазерополе и за Маврово

-

Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, утре во Скопје ќе се одржи јавна дебата, на која ќе бидат расветлени прашања околу актуелни проблеми со закани по животната средина за Студенчишкото блато во Охрид, изградбата на населби во Лазерополе и на територија од националниот парк Маврово.

Ресорниот министер, Нурхан Изаири, ќе има обраќање на тема „Предизвици и активности за заштита на животната средина во Република Македонија“.

Поканети се граѓани и еколошки организации, кои можат да дадат свои видувања, сугестии и идеи за чиста и здрава животна средина.

Дебатата ќе се одржи  во конференциската сала на Секретаријатот за европски прашања во Скопје, со почеток во 13 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...