fbpx

Да се зголеми свеста кај граѓаните за заболувањето ХАЕ

-

Денеска во ТЦ „Сити мол“, се одржа настан за зголемување на свеста кај граѓаните за заболувањето ХАЕ – хередитарен ангиоедем.

На настанот, членовите на здружението „ХАЕ Македонија“, кои се и организатор на овој настан, делеа брошури и останати материјали на присутните во трговскиот центар, каде се опишани симптомите и последиците на ова ретко заболување.

Заболувањето ХАЕ – хередитарен ангиоедем е ретко заболување за кое во Македонија нема третман. Тоа претставува мутација на генот што го контролира создавањето на крвниот протеин Ц1-инхибитор, поради што се создаваат отоци на телото. Станува збор за заболување кое не можете да го забележите во секојдневието кај лицата, бидејќи нема никакви физички или ментални последици, освен во случај на т.н. напад, кој се манифестира со појава на отоци на разни делови на телото, кои може да се појават внатрешно или надворешно.

Нападите можат да бидат и смртоносни, доколку истите се појават во делот на грлото, при што може да дојде до затнување на дишните патишта. Доколку не се дејствува, стапката на смртност на овие напади може да достигне и 30 проценти.

Овој настан е во организација на здружението „ХАЕ Македонија“ и истиот е поддржан од Град Скопје, преку јавниот повик за финансирање на здруженија на граѓани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...