(Фото: finance.bigmir)

Со најновата одлука на Регулаторна комисија за енергетика, цената бензините се зголемува за еден, а на дизелот за половина денар.

Оттука малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 64,50, а на „еуросупер БС-98“, 66 денари.Со поскапувањето од половина денар цената на дизелот ќе чини 55 денари.

Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,28 отсто.